ФУДБАЛ

Баерн ја одреди цената за Левандовски

Фудбалскиот клуб Баерн не сака со сила да го задржи Роберт Левандовски или уште полошо да му дозволи на фудбалерот да го уценува со неговите барања, па решил да го продаде доколку пристигне адекватна понуда, пренесува германски Билд.

Напаѓачот веќе подолго време е незадоволен од клубот од Минхен, сакаа да ја сменат средината, но управата не го пушти, бидејќи не сакаше да се откаже од својот најдобар поединец.

Сепак, Левандовски со месеци преговара со Барселона и се чини дека е решен летово да се пресели во Каталонија, па соодветно се однесува и во Баерн.

Му прекоруваа што е на прослава на титулата, цело време со семејството, а не со соиграчите… потоа побара плата од оваа што ја има сега, која изнесува 24.000.000 евра бруто. Неговите приходи го ограничија клубот, така што тој не може да донесе други звучни имиња.

Факт е дека Полјакот им даде многу на Баварците, но клубот нема нерви за неговото однесување, ниту пак сака да форсира играч кој нема да остане, а има и големи примања.

Поради сето тоа Германците сакаат да покажат дека никој не е поголем од Баерн, кој е институција, па ни Левандовски, поради што решија да го продадат и да ја одредат цената на 40.000.000 евра. Таа сума не би требало да биде проблем за Барселона…