ФУДБАЛ

Баерн ја прекинува тишината, Румениге: Ние тоа го кажавме!

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге веднаш ја коментираше одлуката за отпуштање на тренерот Нико Ковач.

„Настапите на тимот во изминативе неколку недели и резултатите ни покажаа дека е неопходно и задолжително да се дејствува. Ули Хоенас, Хасан Салихамиџиќ и јас имавме состанок, па дури и го повикавме тренерот Нико Ковач каде зборувавме отворено и се одлучивме да не продолжиме заедно“.

„Би сакал да му се заблагодарам на Никон во име на Баерн за работата што ја направи, особено за двата трофеја освоени минатата сезона“.