ФУДБАЛ

Баерн Минхен купува фудбалер на Лидс за 50 милиони евра!

Баерн Минхен и Лидс јунајтед го договориле трансферот на бразилскиот репрезентативец Рафиња. Германскиот тим ќе плати 50 000 000 евра за услугите на овој играч.

Рафиња, во Лидс, пристигна од Рен, за сума од 21.000.000 евра. Не му требаше многу време за да стане носител на играта. Со добрата форма во Лидс заслужи повик во бразилската репрезентација.

Сезонава со осум гола е најдобар стрелец на својот тим.