ФУДБАЛ

Баерн Минхен поразен во дербито од Борусија, продолжува бајката на Алонсо и Леверкузен (ВИДЕО)

Фото: Soccer Football - Bundesliga - Bayern Munich v Borussia Dortmund - Allianz Arena, Munich, Germany - March 30, 2024 Bayern Munich's Harry Kane reacts REUTERS/Angelika Warmuth

Екипата на Баер Леверкузен обезбеди пласман во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25, откако денес во 27. коло од Бундеслигата, на домашен терен го совлада Хофенхајм (2:1).

Избраниците на Чаби Алонсо по оваа победа си го загарантираа учеството во Лигата на шампионите следната сезона, каде Германија ги претставува екипите кои ги заземаат првите четири места во шампионатот.

На седум кола до крајот предноста на Баер во однос на петтиот Лајпциг е 23 бода. Леверкузен е на врвот на табелата во Бундеслигата, со 13 бода пред Баерн.

Баварците вечерва загубија на домашен терен од Борусија Дортмунд со 2:0.

Оваа сезона Баер игра во Лига Европа – клубот во четвртфиналето ќе се сретне со Вест Хем.

ПОВРЗАНО

БундеслигаЛига Европа