Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен првпат по шест месеци ќе може да игра на домашен терен пред полн стадион, кога ќе се сретне со Аугсбург на 9 април, соопштија од клубот.
Последниот домашен натпревар пред 100 отсто капацитет беше на 6 ноември, но олеснувањето на ограничувањата за коронавирусот значи дека 75.000 луѓе ќе можат да присуствуваат на натпреварот.
Навивачите се суштината на фудбалот и ги прават натпреварите на нашиот стадион, особено сега во одлучувачката фаза од сезоната, нешто уникатно“, изјави потпретседателот на Баерн, Јан-Кристијан Дресен.
Локалните правила во Баварија се менуваат од неделата, а социјалното растојание и носењето маски повеќе не треба да бидат неопходни.
Промената значи и дека Баерн може да и гостува на Борусија Дортмунд на 23 април, во дербито меѓу првиот и вториот во поредокот, исто така со полн капацитет на стадионот.