ФУДБАЛ

Баерн Минхен започнува разговори со Рудигер

Баерн Минхен започна преговори со претставниците на Антонио Рудигер за купување на германскиот дефанзивец од Челзи.

Шампионот во Бундеслигата им се придружува на ПСЖ и Реал Мадрид во трката за претставникот на германската репрезентација

Договорот на Рудигер со Челзи истекува следното лето и дефанзивецот не покажа никаков сигнал дека сака да потпише нов договор на Стемфорд Бриџ.

Затоа, Баерн внимателно ја следи неговата ситуација во Лондон.

Раководните лица на Баерн започнаа разговори со менаџерот и братот на Рудигер, Сахр Сенесие.

Јулијан Нагелсман гледа на 28-годишниот фудбалер како соодветна замена за Никлас Суле, доколку тој одлучи летово да го напушти стадионот „Алијанц“.

ПОВРЗАНО

Бундеслига