ФУДБАЛ

Баерн не се грижи за фер -плеј: Мрежата на Бохум наполнета до врв

Фудбалерите на Баерн не можат да запрат. Едноставно, тие не сакаа да ја повлечат раката против Бохум до последниот судиски свиреж, па славеа со дури 7:0.

Откако ја победија Барселона на „Камп Ноу“, фудбалерите на Баерн денеска лесно се справија со Бохум, чиј голман дури во седум наврати мораше да ја извади топката од сопствената мрежа.

Се започна со мајсторство на Сане од слободен удар во 17 -та минута, а во 27 -та минута тој е во улога на асистент, додека овојпат стрелец е Кимих. Во 32. минута Гнабри зголеми на 3:0.

Пред да се замине на одмор, уште еден гол за Баварците, откако Лампропулос несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа.

Левандовски, Кимих уште еднаш и Чупо-Мотинг ги прекинаа беспомошните гости во продолжението од натпреварот. Баерн е новиот лидер со 13 поени, барем привремено, додека Бохум остана во опасната зона со само три бода на сметка.

Во сенка на овој натпревар уште неколку од нив. Аугсбург ја победи Борусија Моенхенгладбах со 1: 0, додека дуелот Мајнц – Фрајбург и Арминија – Хофенхајм заврши без голови.