Иднината на Пауло Дибала нема да биде во Бундеслигата.
Карл-Хајнц Румениге, извршен директор на Баерн, во долгото интервју дадено за „Тутоспорт“, го негираше интересот на германскиот шампион за бројот 10 на Јувентус.
На кратко, Аргентинецот не е дел од плановите на Баерн.
„Дибала? И јас ги имам слушнато овие гласини, но можам да ве уверам дека нема ништо реално. Никогаш не сме имале сериозен контакт со неговиот менаџер“, рече Румениге.
Тој зборуваше и за Коста кој е земен на позајмица од Јувентус.
„Купувањето на Даглас Костас? Сè уште не сме одлучиле, прерано е. Досега сме многу задоволни од него. Даглас, благодарение на неговите вештини за дриблинг, е играчот што ни треба “.
Некои клубови од Премиер лигата се заинтересирани за Дибала, особено Манчестер Јунајтед.
Дури се зголемија гласините дека тој ќе биде вклучен во договор за размена со Пол Погба, чија иднина е сè поодалечена од „Црвените ѓаволи“.