ФУДБАЛ

Баерн падна во Франкфурт

Четири натпревари од 22-то коло во германската Бундес лига се одиграа во саботата во 15:30 часот.

Најинтересно беше на дуелот помеѓу Ајнтрахт и Баерн во Франкфурт, каде домаќинот неочекувано славеше со 2:1.

Во 12-та минута Камада му асистираше на Костиќ за 1:0, а во 31-та минута евроголот на Јунес за 2:0. Сè што успеа Баерн беше утешен погодок на Левандовски во 53-та минута.

Ова беше трет пораз на Баварците во Бундеслигата, но тие остануваат на врвот на табелата со 49 бодови, додека Лајпциг има 44 и натпревар помалку. Со оваа победа Ајнтрахт стигна до четвртото место и има 42 бода.

Во Моенхенгладбах, Мајнц славеше против Борусија со 1:0, додека Штутгарт и Унион Берлин славеа со по 1:0 во Келн, односно Фрајбург.

ПОВРЗАНО

Бундеслига