ФУДБАЛ

Баерн по тежок натпревар славеше над Келн

Во последниот натпревар од второто коло во германската Бундеслига, Баерн победи дома против Келн со 3:2.

Баварците дојдоа до оваа победа потешко од очекувањата, но сепак три бода останаа на Алијанц арената.

Првото полувреме, очекувано, донесе доминација на Баерн. Мулер и Гнабри имаа големи шанси, но гостинската мрежа остана недопрена.

Второто полувреме донесе многу повеќе возбуда и пет голови.

Брзинските два гола за Баварците ги постигнаа Роберт Левандовски и Гнабри во 50. и 59. минута од натпреварот, но гостите не се предадоа.

Кога сите мислеа дека „Јарците“ се исфрлени, тие многу брзо се вратија во игра.

За само две минути гостите ја неутрализираа предноста на шампионот, но сепак не можеа да се спасат од пораз.

Во еден од многуте напади на Баерн, Гнабри постигна гол во 71. минута поставувајќи ги конечните 3:2.

ПОВРЗАНО

Бундеслига