ФУДБАЛ

Баерн посилен за еден од најдобрите млади играчи во светот

Баерн Минхен во следната сезона влегува посилно за еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Во тимот се врати Џамал ​​Мусиала, кој беше надвор од терените околу еден месец поради повреда на бутниот мускул.

Тренерот на Баварците, Томас Тухел, најави дека Мусиала би можел да игра веќе во сабота кога германскиот шампион ќе гостува кај Ајнтрахт Франкфурт.

„Тој е во тимот, но нема да игра 90 минути. Ќе видиме дали ќе го започне натпреварот или ќе го заврши“, рече Тухел.

Баерн е на второто место на табелата во Бундеслигата со 32 бода по 13 кола. Има три бода помалку и меч помалку од лидерот Баер Леверкузен.

ПОВРЗАНО

Бундеслига