ФУДБАЛ

Баерн постави нов рекорд во Бундеслигата

Баерн Минхен силно ја стартуваше новата сезона и оствари три убедливи победи во Бундеслигата, а дополнително го освои и германскиот Суперкуп по победата од 5:3 над Лајпциг.

 

По тој натпревар, кој се играше пред почетокот на новата сезона во Бундеслигата, следеше победа од 6:1 во Франкфурт над Ајнтрахт, потоа 2:0 против Волфсбург и денеска 7:0 во Бохум.

 

Порталот 90min.de повикувајќи се на податоци на Opta Sports објави дека Баерн Минхен го соборил рекордот во Бундеслигата.

Баерн на три натпревари во Бундеслигата постигна дури 15 гола, а прими само еден. Така Баерн стана првиот тим во историјата на Бундеслигата со ваков старт на една сезона. Рекорден е и податокот дека на првите два меча на гости постигнаа дури 13 гола.

 

Секако, германските новинари веднаш ја искористија приликата да го прозиваат Роберт Левандовски и заклучија дека на Баварците воопшто не им недостига Полјакот и дека сега се уште подобри отколку што беа.

 

Баерн дефинитивно нема да има конкуренција во Германија и прашање е само кога ќе освои нова титула, па избраниците на Јулијан Нагелсман ќе можат целосно да се посветат на предизвиците во Лигата на шампионите.

 

Баварците сакаат да ја продолжат импресивната серија во сабота на домашен терен против Борусија Менхенгладбах.

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига