ФУДБАЛ

Баерн потврди: Милер заразен со корона вирус

Германскиот фудбалер Томас Милер е заразен со корона вирусот, соопшти во понеделникот Баерн Минхен.

„Томас Милер доби позитивен тест за корона вирусот. Добро се чувствува, во својата куќа е во изолација“, се наведува во соопштението.

Германецот дефинитивно ќе го пропушти натпреварот против Ајнтрахт кој е закажан за в сабота.

Тој треба да се врати во тимот пред натпреварот против Баер Леверкузен, а речиси сигурно е дека ќе игра против Салцбург во Лигата на шампионите.

Милер сезонава одигра 23 натпревари во Бундеслигата и постигна седум гола, со дури 19 асистенции.

ПОВРЗАНО

Бундеслига