Баерн Минхен значително го ослабна РБ Лајпциг во последните месеци.
Баварците го зедоа тренерот Јулијан Нагелсман од Биковите, како и играчите Дајот Упамекан и Марсел Сабицер.
Баерн, сепак, нема намера да престане да ги ослабува ривалите во Германија и наскоро повторно ќе тропне на вратата на раководството на Лајпциг.
Германските медиуми пишуваат дека германскиот шампион би сакал во својот состав да го види 23-годишниот француски фудбалер Кристофер Нкунку и дека ќе се обидат да го доведат во своите редови.
Овој офанзивен играч за врска игра навистина одлично оваа сезона. Постигна шест гола, запиша три асистенции и привлече големо внимание кон себе.
Баерн наводно изразил желба да го доведе, а дали ќе го сторат тоа ќе се види во наредните месеци.
Кристофер Нкунку ја започна својата кариера во ПСЖ. Во парискиот гигант не можеше да покаже се што знае, па во 2019 година го засили Лајпциг за 13 милиони евра.
Нкунку одигра вкупно 92 натпревари за РБ Лајпциг и постигна 18 голови.