ФУДБАЛ

Баерн пронајде засилување во Борусија Менхенгладбах

Швајцарскиот репрезентативец и играч на Борусија Моенхенгладбах, Денис Закарија би можел да ја напушти Борусија Менхенгладбах.

Имено, добрите игри на овој фудбалер минатата сезона не поминаа незабележано, а повеќе клубови покажаа интерес за неговите услуги.

Меѓу нив е и актуелниот европски и германски шампион Баерн, кои наводно веќе го контактирале агентот на швајцарскиот интернационалец.

Трансферот е планиран за лето, а наводно самиот Закарија е „загреан“ за да се приклучи во редовите на баварскиот гигант.

Да потсетиме, Закарија ја започна својата кариера во Сервет, од каде оди во Јанг Бојс, за да пристигне во Борусија во 2017 година.