ФУДБАЛ

Баерн работеше на доведување на Златан, но заглави кај платата: Тој постави ‘божествени’ услови

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хинес, во германска телевизиска програма РТЛ откри дека преговори за доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во Минхен се водеа пред неколку години.

Хонис не откри во кој период Баерн сакал да го донесе Ибрахимовиќ, но интересот падна откако шведскиот напаѓач ги објави своите услови.

“Тој е одличен играч, но условите што ги постави беа „божествени”. Бевме заинтересирани, но не можевме да му излезиме во пресрет”, изјави Хоенис за РТЛ.

Златан веќе подолго време е во доцните години на играње. Сепак, тој сè уште игра на врвно ниво, иако годинава ќе го прослави својот 40-ти роденден.

Во својата богата кариера, Ибра, покрај Милан, чиј член е и сега, играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Барселона, Интер, Манчестер Јунајтед и Ла Галакси.