Баерн рутински се пласираше во второто коло од ДФБ Купот откако го мина Дурен како номинален гостин.
Германскиот шампион гостуваше на својот стадион, а постигна три гола на дуелот против екипата од петта лига. Конечниот резултат беше 0:3.
Имајќи ги предвид бројните отсуства поради репрезентативната пауза, Ханси Флик изведе шарена екипа, а одлично деби имаше Чопо-Мотинг, постигнувајќи ги првиот и третиот погодок на натпреварот.
Вториот гол го постигна Милер кој рутински изведе пенал во првото полувреме. Боатенг, Мартинез, Дејвис и Суле исто така играа меѓу звучните имиња. Повратникот Коста исто така играше.
Патем, членовите на овој тим од петта лига се претежно аматери. Голманот Патрик е медицински техничар, играчот за врска Ло Јокано е механичар, додека капитенот Филип е одговорен за уредување на локална спортска станица. Единствениот професионалец е Матушик од Полска.