Германскиот шампион има намера да го задржи Филипе Кутињо.
Кутињо оваа сезона е на позајмица во Баерн од Барселона и има постигнато девет гола на 32 натпревари. Иако на Баварците не им се допаѓа идејата дека треба да платат за негово купување, сепак планираат да го пуштат.
Бразилецот во моментов се опоравува од повредата и ќе биде подготвен да се врати на почетокот на јуни, а Баерн верува дека ќе им треба таков играч во тесниот распоред до крајот на сезоната.
Германскиот шампион се очекува да игра во Лигата на шампионите во август, финалето на Купот и секако борбата за титулата во домашното првенство.
Останува да се види дали Барса ќе се согласи дополнително да го позајми Кутињо или ќе го врати бидејќи Баварците не се подготвени да платат обештетување.