Постигнат е договор и Сабицер се приклучува на Баерн.
Раководството на Баерн му обезбеди на Јулијан Нагелсман уште едно засилување од неговиот поранешен клуб Лајпциг.
Австрискиот репрезентативец Сабицер доаѓа во Минхен во наредните денови, и ќе му бидат исплатени 15 милиони евра со одредени бонуси.
Тој ќе потпише договор до летото 2024 година, и ќе ја зголеми конкуренцијата за Баварците во средниот ред, за да може да игра и на позицијата десно крило.
Одигра вкупно 227 натпревари за РБ Лајпциг и постигна 52 гола на кои додаде 42 асистенции. За репрезентацијата на Австрија одигра 54 натпревари, на кои постигна осум гола.
Сабицер пристигна во Лајпциг пред шест години кога овој клуб играше во втората Бундеслига. Пристигна од РБ Салцбург, а покрај овие два клуба играше и за Адмира и Рапид Виена.
Тој ќе ја продолжи соработката со поранешниот тренер Нагелсман во Баерн, но и со неговиот поранешен соиграч Дајот Упамекан, кој исто така се пресели од Лајпциг ова лето.