По изненадувачкиот пораз од Мајнц од 3:1, клубот од Минхен не дозволи нов кикс, особено не против последната Херта.
Навивачите на Баерн чекаа до првиот гол. Серж Гнабри ја искористи одличната топка на Џошуа Кимих за да погоди со глава во 69. минута.
Кинсли Коман десет минути подоцна ја удвои предноста, повторно феноменално проигрување на Кимих.
Баерн е прв во Бундеслигата со 32 бода, бод повеќе од Борусија Дортмунд. Херта е на дното со 22 бода.
Во следното коло од германскиот шампионат Баерн ќе гостува кај Вердер Бремен, а Херта ќе го пречека Штутгарт.
