ФУДБАЛ

Баерн шокантно губеше, а потоа го декласираше Фурт

Фудбалерите на Баерн се мачеа во првото полувреме од 23. коло во Бундес лигата против Фенербахче Гројтер Фурт.

Гостите дојдоа во Минхен да одиграат еден борбен натпревар, а првото полувреме целосно ги измачуваше актуелните шампиони.

Сето тоа го круниса со голот Бранимир Хргота, кој во 43. минута од слободен удар погоди за 0:1 и резултатот од првото полувреме.

Во продолжението Баварците се будат.

Во 47. минута асистираше Чупо-Мотинг, а Левадовски погоди за 1:1.

Пресвртот на Баерн дојде во 61. минута со автоголот на Гризбек.

До крајот на натпреварот Баварците постигнаа уште два гола преку Левадовски во 82. минута и Чупо-Мотинг во 91. минута за конечни 4:1 и со тоа постигнаа нови три бода и спречија една од најголемите сензации во последните години.