ФУДБАЛ

Баерн суспендираше играч за тетоважа

Францускиот фудбалер Корентин Толисо суспендиран поради Баерн.

Германскиот шампион го суспендираше својот играч за врска затоа што објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како се тетовира.

Така, Толисо ги прекршил мерките за заштита од коронавирус, па бил суспендиран.

“Апсолутно е забрането во нашата земја. Многу му е жал што се случи тоа, но ништо не може да се промени”, рече тренерот Ханси Флик.

Толисо јавно се извини за кршење на протоколот.