ФУДБАЛ

Баерн целосно го смени планот за трансфери

Доаѓаат јануари и зимскиот преоден рок, па клубовите ширум Европа ќе ги разгледаат можните опции за засилување на списокот.

Баерн летово се поврзуваше со многу големи sвезди, па трансферите како Хадсон-Одои од Челзи пропаднаа, а исто така се надеваа на доаѓањето на талентираниот Унгарец Собошлаи во Минхен

На крајот, се чини дека никој од нив нема да патува за Минхен ниту во јануари. Како што објави Билд, Баерн не е заинтересиран за купување офанзивни играчи.

Покрај овие двајца фудбалери, има и голем број млади таленти кои треба да се најдат на списокот за следење – и секако од нивната омилена земја кога се во прашање скаутите на Баерн – Франција. Конкретниот план за зимата сепак се промени.

Билд тврди дека Баерн нема да донесе нови играчи во текот на јануари и со сегашниот список ќе се обиде да ја заврши сезоната во која ги бранат титулите германски и европски шампион.

„ФК Баерн нема да биде активен на трансфер пазарот во текот на зимата“, стои во изданието на Билд од 16 декември.

Баерн донесе неколку засилувања ова лето, некои дури не играа, а има и огромен број млади и талентирани играчи од „фабриката“ на Баерн, па Хасан Салихамиџиќ и неговите помошници не планираат да сменат нешто до крајот на сезоната, кога очигледно ќе има промени и заминувања , така Салихамиџиќ повторно ќе се активира со цел да му обезбеди на Баерн соодветно засилување.