Баерн е на работ да ја освои новата титула во Бундеслигата, а не е исклучена можноста да има уште една двојна круна.
Покрај тоа што чекаат да ја потврдат титулата, што може да се случи уште во текот на викендот, фудбалерите на Баерн се на добар пат да го освојат Купот. За Баерн остануваат уште два чекори.
Првиот е утре вечер на „Алианц-Арена“ против Ајнтрахт Франкфурт во полуфиналето, а во случај да победат, ќе играат во финалето против подобриот од дуелот Сарбрукен (4-та лига) – Баер Леверкузен. Тој натпревар ќе се одигра во Берлин.
Интересно е што Баерн утре за прв пат ќе ги носи своите нови дресови, во кои планираат да играат следната сезона.
Овие дресови се најавени порано, но ќе ги видиме на играчите на германскиот шампион утре. Тоа е домашен дрес, а гостинските ги видовме во некои неодамнешни натпревари.
