ФУДБАЛ

Баерн вечерва ќе остане без само една награда

Баерн Минхен вечерва ќе стави крај на доминацијата за минатата сезона.

Баварците освоија дури пет трофеи во 2020 година, а нивните играчи ќе ја заокружат фантастичната година на вечерашното доделување на индивидуалните награди на УЕФА.

Европската фудбалска федерација подготви шест награди за играчи и тренери, а само една нема да отиде во рацете на фудбалерот на баварскиот гигант.

Тоа е награда за најдобар играч за врска во Европа. Таа ќе му биде доделен на фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујн, додека другите награди ќе ги добијат играчите на Баерн.

Роберт Левандовски ќе биде прогласен за најдобар играч, Полјакот ќе ја добие и наградата за најдобар напаѓач, најдобар голман е Мануел Ноер, а најдобар дефанзивец е Џошуа Кимих.

Исто така, наградата за најдобар тренер ќе ја добие Ханси Флик.