ФУДБАЛ

Баерн во финишот ’го докрајчи’ Волфсбург, Лајпциг не се откажува

Петте натпревари од 17-то коло од Бундеслигата се одиграа денес во 15:30 часот, а победи меѓу другото запишаа екипите на Баерн Минхен и Лајпциг.

Баерн играше на Алианц Арената против Волфсбург, а до победа стигна во финишот. Баварците славеа со 2:0 со головите на Зиркзе и Гнабри во 85-та и 89-та минута.

Баерн на овој начин остана да се бори за првото место на табелата, бидејќи сега има 33 бода и е трет додека Волфсбург падна на 9-то место со 24 поени.

Првопласираниот тим пред ова коло, Ред Бул Лајпциг продолжи со победи, а на Арената Ред Бул овој пат падна екипата на Аугсбург, која загуби со 3:1. Головите за домашната екипа ги постигнаа Лајмер, Шик и Поулсен, додека единствениот гол за гостите беше Нидерлехнер.

Лајпциг останува лидер со 37 бода, додека Аугсбург останува на 10-то место со 14 бода помалку од денешниот ривал.

Во останатите натпревари од 17 коло Баер Леверкузен го совлада Мајнц со 1:0, Келн славеше против Вердер со ист резултат, додека Шалке и Фрајбург ги поделија бодовите а резултатот беше 2:2.

Херта и Борусија Моенхенгладбах се среќаваат во Берлин во 18:30 часот.

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига