ФУДБАЛ

Баерн во Италија најде замена за Ковач?

Баерн вчера беше понижен во Франкфурт. Германскиот шампион загуби на гостувањето кај Ајнтрахт со 5:1, што е понижувачко за клуб со ваква слава.

Како што обично се случува по исмејувањето и срамот на кој било клуб, прв на списокот за бркање е тренерот, поради што има многу шпекулации за иднината на Нико Ковач.

Тоа беше втор пораз на Баварците во последните четири дуели во лигата, но хрватскиот стручњак нема намера да се повлече.

„Никогаш не се откажувам. Некој ми рече: ‘Кога ќе се појави оваа ситуација, не смеете да станете немирни.’ Отидов во автобусот тажен и разочаран, ја знам ситуацијата. Но, јас не се откажувам“, рече Ковач по дебаклот.

Во меѓувреме, информациите од Италија велат дека Баерн го сака Масимилијано Алегри за нов тренер. Оваа вест ја објави „Corriere dello Sport“.

Алегри со години го водеше Јувентус. Со Старата дама тој освои пет Скудет во низа и го однесе Бјанконар двапати во финалето на Лигата на шампионите.

Италијанскиот стручњак се споменува изминатите неколку недели како наследник на Солскјер во Манчестер Јунајтед, а од синоќа е во потесниот список на кандидати за иден тренер на Баерн.