Баерн Минхен имаше 12 играчи на теренот за неколку секунди на саботниот натпревар од Бундеслигата, поради што Фрајбург денеска се пожали.
Фрајбург одлучи да поднесе жалба до Германскиот фудбалски сојуз и на Баварците поради неверојатен пропуст им се заканува губење бодови на зелена маса.
Баерн победи убедливо со 4:1 во споменатиот натпревар, но сега е во неволја и многу е можно Фрајбург да го добие натпреварот со службен резултат 3:0. Одлуката ќе ја донесе Германскиот фудбалски сојуз.
„Раководството на клубот размислуваше дополнително да ја реши грешката со промените кои Баерн ги направи во саботата. Ги анализиравме и разговаравме за сите аспекти, особено од економски, спортски и правен аспект“, ја започна својата изјава Фрајбург.
Stellungnahme des Sport-Club Freiburg e.V. ⬇️ pic.twitter.com/bpgKj9hQVV
— SC Freiburg (@scfreiburg) April 4, 2022
„Не се најдовме во ваква ситуација по наша вина и немавме влијание на грешката. Прописите не принудуваат да преземеме активни мерки. Не сме заинтересирани за активна улога и поради тоа се чувствуваме многу непријатно. Веруваме таа процедурална регулатива различни нивоа и правна анализа, решивме да ја обжалиме“, додаваат од клубот.
Фрајбург се бори за место во Европа и секако добро би дошле евентуални три бода во дуелот со Баерн.