ФУДБАЛ

Баерн во осум минути го „среди“ Келн

Баварците денес беа повеќе од убедливи во гостувањето во Келн, каде славеа со резултат 4:1.

Актуелниот шампион започна одлично, водеше со 3-0 по 12 минути игра. Резултатот го одтвори Левандовски во третата минута, кој стигна до својот 23-ти гол во сезоната.

Почнувајки од центарот, голманот на Келн повторно мораше да ја врати топката во својата мрежа, бидејќи Коман го искористи додавањето на Милер и ја дуплираше предноста на неговиот тим две минути подоцна. Набргу потоа, Гнабри погоди по убава соло акција. Така, гостите постигнаа дури три гола за само осум минути.

По одличниот старт Баварците малку сеопуштија и полувремето помина со тој резултат. Домаќините „застанаа на нозе“ и се заканија неколку пати.

Но, сепак, баварскиот гигант стигна до нов гол. Гнабри го постигна својот втор гол во 66 минута во игра по брилијантната соло акција.

Сè што направија домаќините до крајот беше голот на Марк Ут, кој ја крунисаше прекрасната соло акција на неговиот тим.

Баерн се врати во водство на табелата со 46 бода, додека Келн е 14-ти со 23 бода.