Фудбалерите на Барселона утре играат на гости против ПСЖ.
Каталонскиот клуб игра реванш осминафинале во Лигата на шампионите и пред нив е речиси невозможна мисија бидејќи на првиот натпревар беа поразени со 4:1 дома.
Јасно е дека утре нè чека голема возбуда на „Паркот на принцовите“ и штета што нема да има навивачи на трибините.
Познато е дека Барса и ПСЖ не се најдобри во однос од спектакуларниот пресврт на каталонскиот клуб пред неколку години и дека страстите не се смирија ниту денес, покажаа навивачите на ПСЖ.
Тие синоќа запалија бакли пред стадионот, и покажаа транспарент во кој е навредена сопругата на Жерард Пике, Шакира.
„Шакира оди во Ла Жонкер“, рекоа навивачите на ПСЖ. Патем, Ла Жонкер е место покрај Жирона кое е познато по своите бордели.
