Поради пандемијата на коронавирус, на фудбалерите во Јужна Америка ќе им биде забрането да ја бакнуваат топката, да разменуваат дресови, но и плукање и дување на носот на теренот.
Јужноамериканската фудбалска федерација (CONMEBOL) издаде серија посебни мерки среде пандемијата на коронавирус, за да го заштити здравјето на сите учесници, бидејќи продолжуваат најголемите натпревари во и Јужна Америка, Копа Либертадорес и Копа Судамерикана. Сè уште не е познато кога ќе започнат фудбалските натпреварувања, се шпекулира дека нема да биде пред септември, бидејќи земјите од Јужна Америка се борат со пандемијата.
Натпреварите во Копа Либертадорес и Копа Судамерикана беа прекинати во март. CONMEBOL ги одобри измените во неговите регулативи за прилагодување на пандемијата, а беше додадено и барање за тест на играчите и други учесници во натпреварот. Ќе се направи и „медицински регистар“ за да се следат резултатите од тестот, а на оние кои ќе одбијат да бидат тестираат нема да им биде дозволено да настапат. Клубовите кои не учествуваат ќе бидат казнети.
Меѓу додаток во прописите е тоа дека на играчите и судиите им е забрането да ја бакнуваат топката пред, за време и по натпреварот. Плукањето на теренот е строго забрането, а на учесниците во натпреварот не им е дозволено да ги дуваат носевите на теренот. Пред секој натпревар, играчите и судиите ќе ја измерат својата температура, а сите на клупата ќе треба да носат заштитни маски. Исто така, на играчите ќе им биде забрането да разменуваат дресови или кое било друго парче опрема со соиграчите и ривалите, како и да ја поклонат на навивачите.
Забрането е и разменување знамиња на клубовите, што го прават капитените пред секој натпревар. Конференции за печат и давање изјави во микс зоната може да се направи само ако сите учесници имаат маски. CONMEBOL одобри пет замени на секој натпревар, по дозвола од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА)