ФУДБАЛ

Балде не игра за Сенегал, а причината е толку необична што би помислиле дека е измислена

Крилниот напаѓач Кита Балде ќе ја пропушти средбата со Екваторска Гвинеја поради една причина.

Сенегалскиот фудбалски сојуз, наместо на адресата на Интер, пратиле порака на друга е-маил адреса.

Администрацијата на сојузот пратила повик на старата електронска пошта на Интер, а кога подоцна го откриле проблемот, од Интер одбиле да го пуштат Балде на собирањето на репрезентацијата, што предизвикало реакција кај потпретседателот на Сенегалскиот фудбалски сојуз.

„Му пративме покана на Балде, но ја пративме на адреса која Интер веќе не ја користи. Ја промениле адресата. Клубот не сака дополнително да го пушти, не сакаат да постигнеме некој компромис.“ кажа потпретседателот.

Интересно е тоа што пред Сенегал, Балде играше за репрезентацијата на Каталонија, која има право само на пријателски средби и оние кои не се признати од страна на ФИФА и УЕФА.