Италијанскиот напаѓач Марио Балотели остана без клуб откако Бреша летово реши да ја прекине соработката со него.
Балотели повторно беше непослушен надвор од теренот што челниците на Бреша не сакаа да го трпат и решија да го раскинат договорот. Супер Марио е сè уште без клуб, бидејќи интересот за него веќе не е толку близок како во претходните сезони.
Во последно време се шпекулираше најмногу дека Балотели ќе ја продолжи кариерата надвор од Европа, во Бразил. Васко Де Гама покажа интерес за него, а веќе се водат преговори.
Директорот на овој клуб, Фабио Кордела изјави дека сè уште не е постигнат официјален договор и дека не сака да брза со бомбастичните најави. Но, како стојат работите за Балотели, наскоро ќе го видиме на терените во Бразил, а Кордела објасни какво значење ќе има ова за овој клуб.
“Тој сака да дојде овде и не заборавајте дека Васко е клубот со најмногу трофеи во светот по Реал Мадрид. Не верувам дека Марио доаѓа да направи глупости во Рио, тој сака да дојде и да ја оживее својата кариера. Се надевам дека ќе го официјализираме на 15 јануари. Сето ова е добро, затоа што тој би им значел на нашите фанови во овој момент како Диего Марадона “, рече Кордела.