ФУДБАЛ

Балотели: Јас сум на нивото на Меси и Роналдо

Марио Балотели, италијанскиот фудбалски ас сега член на турска Адана, не се сомнева дека фудбалски е познат во рангот на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

„100 отсто сум убеден дека ги имам сите квалитети кои ги имаат Меси или Роналдо. Сепак, едноставно пропуштив некои можности. Меси и Роналдо имаат освоено толку многу златни топки, глупаво е да се споредувам со нив во тој сегмент. Сепак, јас сум чисто фудбалски на нивно ниво. „Не сум љубоморен на ниту еден сегмент од нивната игра“, рече Балотели.

Италијанецот како најголема грешка во кариерата го гледа заминувањето од Манчестер Сити за кој настапуваше од 2010 до 2013 година.

„Сити секоја година е се подобар. Морав да бидам потрпелив, сигурен сум дека доколку останев ќе бев на нивото на Серхио Агуеро, кој е легенда на клубот. Сепак, не бев зрел во тие моменти“.

Годинава игра одлично за Адана. На 24 натпревари постигна 11 голови.

„Мојата цел е да постигнам што подобар пласман со Адана и секако да се најдам на списокот на италијански репрезентативци, прво за бараж натпреварите, а потоа и за Светското првенство во Катар. „Имам 31 година и можам да понудам многу повеќе“, рече Балотели.