Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели речиси сигурно ќе го смени клубот ова лето.
Во Олимпик Марсеј стигна бесплатно, но потпишал договор само шест месеци. Истиот истекува на крајот на месецот, и како што стојат работите сега, нема да потпише нов, барем не со ист клуб.
Тој треба да се врати во Италија, земја од која има неколку понуди да ја продолжи кариерата.
Една од последните доаѓа од Парма. Оваа информација ја пренесе новинарот на „Gazzetta dello Sport“, Николо Счира, кој вели дека вчера се одржа средба на шефовите на Парма и Балотели а напаѓачот, наводно, побарал годишна плата од четири милиони евра.
Дали Парма ќе се согласи со ова барање сега е непознато, но, секако, борро би му дошол напаѓач со искуство и знаење, како Балотели.
Марио има одлична половина сезона во Марсеј, постигнувајќи осум гола во 12 натпревари.