ФУДБАЛ

Барањето на Салах го шокираше Ливерпул

Ливерпул има желба Мохамед Салах да потпише нов договор, а Египјанецот ги шокираше сите на Енфилд со своите барања.

Најдобриот фудбалер на Ливерпул има договор до летото 2023 година, но на „Енфилд“ сакаат да се осигураат и веќе работат на нов договор. Сепак, нема да биде лесно да се најде заеднички јазик бидејќи египетскиот репрезентативец има големи барања.

Салах сака да стане најплатениот играч во клубот, и моментално е втор на таа листа зад Вирџил ван Дајк.

Неговото барање е да ја зголеми платата од 233.000 евра неделно на 583.000 евра, односно да добива 28 милиони евра годишно наместо 11.

Ливерпул треба да одлучи дали е подготвен да даде толку пари за еден играч, а ситуацијата секако ја следат клубови како ПСЖ, Реал Мадрид, Сити, кои секако се заинтересирани за одличниот напаѓач.

Салах стана еден од симболите на Ливерпул во последните години, постигнувајќи 127 гола на 206 настапи за „црвените“. Претходно играше за Рома, Фиорентина, Челзи …

На крајот на 2020 година, Салах беше поврзан со многу тимови, на крајот на краиштата, скоро секој преоден рок е таков, а потоа призна дека „останувањето во Лајвпроол“ е тешко прашање за него.

“Тоа е тешко прашање. Можам само да кажам дека се е во рацете на клубот и тој одлучува”, рече тогаш Египќанецот, но очигледно многу ќе зависи и од него.

Салах пристигна во Ливерпул во 2017 година од Рома за 42 милиони евра, а една година подоцна потпиша нов, побогат договор кој истекува за две години.