Денеска се одигра бараж натпреварот за потполнување на последното место во Првата лига идната сезона. Силекс и натаму ќе биде прволигаш, откако во баражот го совлада Тиквеш со 3:2.
Силекс водеше 2:0, па 3:1, кавадарчани успеаја да намалат на 3:2, но не и до крајот на мечот да сторат нешто повеќе да се изборат барем за нерешено.
Претходно во второлигашкиот бараж, Тивкеш го совлада Лабуништа со 6:3.
Со тоа познати се сите прволигаши за идната сезона. Нови членови се Струга Трим Лум и Борец Велес, а од лигата испаднаа Беласица и Победа. Заедно со Струга Трим Лум и Борец, идната сезона во Првата лига ќе се натпреваруваат уште осумте екипи: Шкендија, Вардар, Шкупи, Македонија ЃП, Работнички, Силекс, Академија Пандев и Ренова.