Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди на прес конференцијаѕа во пресрет на мечот со Гибралтар изјави дека поразот од Грузија од 0:3 боли, како и секој пораз, но вели гарантира дека секој репрезентативец на секој меч го дава максимумот.
-Не боли секој пораз. Но, мора да мислиме напред. Јас можам да гаранирам дека секој играч го дава максимумот, но фудбалот понекогаш е таков. Мора да се оди напред и да одиме кон нашата цел. Мора да продолжиме да играме добро, а атмосферата во тимот уште е истата и посакуваме подобри резултати, изјави Енис Барди – капитен на македонската А репрезентација.