Лаванте каде што игра нашиот препрезентативец Енис Барди, во следните неколку дена треба да назначи нов тренер.
Тренерот на шпанскиот фудбалски прволигаш Леванте, Пако Лопез (54) доби отказ по слабите резултати во првите осум кола и со тоа стана првиот тренер оваа сезона во Ла Лига, кој мораше да ја напушти тренерската клупа.
Капката што ја прелеа чашата беше поразот во саботата (0:1) на гостувањето кај Мајорка. Леванте се наоѓа на 18 -то место, во зоната за испаѓање, со четири бода и без победа. Зад него се Алавес со три и Гетафе со еден бод.
Пако Лопез го предводи Леванте од март 2018 година, а минатата сезона ги одведе до полуфиналето на Купот на кралот, каде загубија од Атлетик Билбао по продолжението.
Paco López deja de ser entrenador del #LevanteUD
Gracias por todo, Paco.
ℹ https://t.co/fASCysawo7 pic.twitter.com/zZxvkwSAHT
— Levante UD (@LevanteUD) October 3, 2021