„Почнавме со притисок, беше тешко да се влезе во дуелот, но добро бевме поставени. Косово немаше ниту една шанса, освен подарокот за израмнувачкиот гол. Примивме гол, но не се растуривме и продолживме да играме наша игра. Игравме отворено и на победа, но целта ни беше победа и финале.
Македонија е гладна за пласман на Европско првенство и денес оставивме срце и одличен впечаток пред Грузија. Сите даваме максимум и ќе дадеме максимум само да се пласираме следното лето на Европско првенство“, рече Барди.