ФУДБАЛ

Барди потпиша нов договор со Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го продолжи договорот со шпанскиот клуб Леванте.

Договорот на напаѓачот со тимот од Валенсија е до 2022 година со опција да може да биде продолжен за уште две сезони.

– Многу сум среќен, овде се чувствувам одлично, се чувствувам како да сум дома, рече Барди по потпишувањето.

Македонскиот репрезентативец има одиграно за шпанскиот состав вкупно 38 натпревари и постигнато 10 голови.

ПОВРЗАНО

Енис Барди