Македонскиот репрезентативец кој настапува во шпанската лига Енис Барди денеска беше запрашан од шпанските медиуми за мислење за вечервашнито натпревар помеѓу Реал Сосиедад и Вардар. Тој вели:
„Мора да кажам дека навистина сум среќен што Вардар, клуб кој е еден од најдобрите во мојата земја, е дел од Лигата на Европа и сега е гостин во Шпанија на меч со Реал Сосиедад. Настапот во Лигата на Европа е голема работа за македонскиот фудбал и неговиот развој во иднина. Јасно е дека на Вардар ќе му биде многу тешко да дојде до добар резултат затоа што Реал Сосиедад е голем фаворит. Но, од друга страна сум сигурен дека Вардар е многу подобра екипа од она што го покажа на мечот во Скопје. Располага со неколку одлични фудбалери. Сега сигурно не доаѓаат со бело знаме и имаат мотив за докажување пред шпанската публика. Затоа очекувам добар натпревар“, вели Енис Барди.
Натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Вардар започнува во 21.05 минути, со директен пренос на МРТ1, Арена спорт и нашиот портал Спорт М.
