ФУДБАЛ

Барем е искрен: Мбапе го понижи Тотенхем синоќа како никој досега

Ѕвездата на францускиот ПСЖ, Килијан Мбапе синоќа го понижи лондонски Тотенхем.

Спарс се еден од тимовите со кои се поврзува одличниот напаѓач, но Мбапе тврди дека најверојатно никогаш во животот нема да го облече дресот на овој тим.

“Убеден сум дека Тотенхем ќе направи добри работи оваа сезона со Антонио Конте бидејќи тој е одличен менаџер. За нив тоа се добри работи, но не верувам дека некогаш во животот нема да играм за Тотенхем”.

Тој му потврди на Мбапе дека во јануари нема да оди никаде од ПСЖ и дека ќе остане во овој клуб до лето.

“Не се селам во Реал Мадрид во јануари. Тоа сигурно нема да се случи. Јас сум играч на ПСЖ, среќен сум таму и ќе ја завршам сезоната 100 проценти како играч на ПСЖ. Ќе дадам се од себе за да ги освојам сите можни трофеи со ПСЖ. Имам голема почит кон клубот и моите соиграчи.“

Одличниот напаѓач не жали што минатото лето не премина во редовите на кралскиот клуб.

“Дали се каам? Не. Искрено не се каам за ништо. Секогаш го кажувам она што ми е на ум и никој не може да го критикува бидејќи тоа се моите чувства кои ги имам”, изјави Мбапе.

https://youtu.be/uLARJmO1P_s

Ѕвездата на ПСЖ и оваа сезона игра феноменално и на 24 настапи има учинок од 15 голови и 15 асистенции.