Водечкиот тим на Чемпионшип, Барнли забележа нова победа, како и третопласираниот Мидлсброу, кој се доближи до второпласираниот Шефилд Јунајтед.
Барнли го победи Лутон на гости со 1:0 со голот на Барнс од пенал во 78. минута.
Шефилд Јунајтед беше поразен на гостувањето кај Милвол со 3:2, а херој на домашниот тим беше троен стрелец Бредшо.
Милдсброу славеше пред своите гледачи против Квинс Парк Ренџерс со 3:1 и сега е на само четири бода од второпласираниот лидер во ПЛ. Додуша и Шефилд има натпревар под рака.
Останати резултати: Ротерам – Ковентри 0:2, Виган – Норич 0:0, Сандерленд – Бристол 1:1, Хал – Престон 0:0, Блекпул – Стоук 1:0, Блекбурн – Свонси 1:0.
