ФУДБАЛ

Барса ги продолжи договорите со своите ѕвезди

Пике, Тер Штеген, Де Јонг и Ленглет потпишаа долгорочни договори со каталонскиот гигант по синоќешната победа во Лигата на шампионите.

Барселона ги продолжи договорите на своите sвезди.

Всушност, Пике, Тер Штеген, Френки де Јонг и Ленглет потпишаа нов договор со каталонскиот гигант.

Барса ја објави оваа одлука по синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите, каде избраниците на Роналд Куман го совладаа Ференцварош, со 5:1.

Пике беше казнет со црвен картон во второто полувреме против унгарскиот тим, но по натпреварот неговиот договор беше продолжен до 2024 година.

Во оваа прилика, каталонскиот гигант ги обезбеди услугите на уште четворица важни играчи.