Пако Алкасер (24) после две сезони ја напуште екипата на Барселона.
Одличниот шпански напаѓач не се најде баш најдобро на „Ноу Камп“ откако пристигна од Валенсија во 2016. година и бараше начин да замине во тим кој ќе има шанса да покаже што знае.
На крајот го најде. Договор е постигнат помеѓу Барселона и Борусија Дортмунд и Алкасер ќе оди на едногодишна позајмица во редовите на германскиот клуб.
За позајмицата Дортмунт ќе плати два милиони евра, а на крајот на сезоната ќе има шанса да го откупи договорот за 25 милиони евра.
Алкасер наскоро треба да дојде и да ги помине лекарските прегледи во Дортмунд и да го потпише договорот со „Милионерите“.