ФУДБАЛ

Барса го продолжи договорот со Нико до 2026 година и го позајми на Валенсија без право на откуп

Барселона го продолжи договорот со Нико Гонзалес и го прати на позајмица на Валенсија.

Новиот договор со играчот од средниот ред е до 2026 година. Откупната клаузула за предвремен раскин на договорот со каталонскиот клуб е позиционирана на милијарда евра.

Договорот за позајмица на 20-годишниот Шпанец со Валенсија не вклучува опција за негов откуп.

Нико минатата сезона во Ла Лига настапи на 27 натпревари и постигна два гола.

ПОВРЗАНО

Ла Лига