ФУДБАЛ

Барса и без Меси го победи Интер, Дортмунд го “растури” Атлетико

Барселона и без својот најдобар фудбалер беше подобар од Интер во 3.коло од ЛШ. На мечот на “Камп Ноу” Барса до головите на Кутињо и Алба славеше со 2:0 нанесувајќи му го првиот пораз на Интер во ЛШ.

Борусија Дортмунд успеа да го совлада Атлетико со 4:0. Човек на одлука беше Хакими кој забележа три асистенции, а стрелци беа Витсел, Гереро два гола и Санчо.

ПСЖ и Наполи одиграа интересен меч кој заврши 2:2. Наполи два пати водеше, а ПСЖ се спаси во судиското надополнување со гол на Ди Мариа.

Лига на шампиони, 3. коло

Група А

Клуб Бриж-Монако 1:1
Борусија Дортмунд-Атлетико Мадрид 4:0

Табела: Борусија Дортмунд 9, Атлетико Мадрид 6, Монако 1, Клуб Бриж 1.

Група Б

Барселона-Интер 2:0
ПСВ-Тотенхем 2:2

Табела: Барселона 9, Интер 6, Тотенхем 1, ПСВ 1.

Група Ц

Ливерпул-Црвена Звезда 4:0
ПСЖ-Наполи 2:2

Табела: Ливерпул 6, Наполи 5, Ливерпул 6, ПСЖ 4, Црвена Звезда 1.

Група Д

Галатасарај-Шалке 0:0
Локомотив Москва-Порто 1:3

Табела: Порто 7, Шалке 5, Галатасарај 4, Локомотив Москва 0.

Извор:ТВ21

ПОВРЗАНО

Лига на шампиони