ФУДБАЛ

Барса и Реал Мадрид, се приклучуваат во трката за супер талентираниот фудбалер

Норвешкиот супер напаѓач на Салцбург стана мета на поголемите европски клубови.

Ерлинг Халанд е најголемата фудбалска сензација во Европа.

Младиот норвешки напаѓач блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

Според шпанскиот весник „Марка“, интересот за 19-годишникот покажале двата најголеми клубови на Ла Лига, Реал Мадрид и Барселона.

Халанд има постигнато 7 гола на 4 натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона.

Покрај, шпанските гиганти во трката за потпис на Халанд како сериозна конкуренција се споменува и италијанскиот шампион Јувентус.

ПОВРЗАНО

Ла Лига