Челниците на Барселона играчот од средниот ред на ПСЖ Адриан Рабио.
Медиумите во Шпанија тврдат дека Барселона испрати понуда за Рабио тешка 55 милиони евра, а сега се се чека одговор од Парижаните.
Рабио има уште една година од договорот со ПСЖ, па лесно може да се случи овој трансфер, а и понудата само по себе е примамлива.
Иако Барса донесе неколку играчи од средниот ред, сепак има намера да го купи и Рабио кој има 23 години, а претходно од редовите не Барса заминаа Иниеста, Андре Гомс и Паолињо.
За Рабиот е заинтересиран и Реал Мадрид, па останува да видиме што ќе се случи на крајот од сево ова.